НЕВРОЛОГИЈА

Cовремена дијагностика и третман на заболувања на централниот и периферниот нервен систем.

Преглед на одделот

Одделот за неврологија во Клиника Жан Митрев обезбедува современа дијагностика и третман на заболувања на централниот и периферниот нервен систем.

Со користење на напредна неврофизиолошка опрема и стручен тим, овозможуваме прецизна проценка на невролошките симптоми и навремено поставување на дијагноза.

Пристапот е индивидуализиран и се базира на интегрирана соработка со други специјалности, со цел обезбедување целосна и континуирана грижа за пациентите.

Болести / Состојби

Дијагностицираме и следиме пациенти со:

  • Главоболки и мигрена
  • Епилепсија и губење на свест
  • Вртоглавици и нарушувања на рамнотежа
  • Полиневропатии и периферни невропатии
  • Радикулопатии и болки во ’рбетот
  • Мускулна слабост и миопатии
  • Мултиплекс склероза и демиелинизирачки заболувања
  • Невродегенеративни заболувања (Паркинсонова болест и деменции)
  • Последици од мозочен удар

Дијагностика и третмани

Одделот за неврологија применува современи неврофизиолошки и радиолошки методи за прецизна дијагностика на заболувања на мозокот, ’рбетниот мозок, периферните нерви и мускулите.

Неврофизиолошка дијагностика

Неинвазивен преглед кој ја регистрира електричната активност на мозокот преку електроди поставени на скалпот. Се користи за дијагноза и следење на епилепсија, напади, губење на свест, нарушувања на спиењето и други невролошки состојби.

Специјализирана форма на EEG која се изведува по недостаток на сон, со што се зголемува чувствителноста на испитувањето и се олеснува откривањето на епилептични промени кои не се забележуваат на стандардно EEG.

Испитувања за проценка на спроводливоста на нервните патишта:

    • BAEP (аудитивни евоцирани потенцијали) – проценка на слушниот пат и функцијата на мозочното стебло
    • VEP (визуелни евоцирани потенцијали) – проценка на визуелните патишта, особено кај заболувања на оптичкиот нерв и мултиплекс склероза
    • MSEP (соматосензорни евоцирани потенцијали) – проценка на сензорните патишта во ’рбетниот мозок и мозокот

Испитување на функцијата на периферните нерви и мускулите. Се применува кај пациенти со вкочанетост, пецкање, слабост, болки, оштетување на нерви, полиневропатии, радикулопатии и сомнеж за мускулни заболувања.

Радиолошка дијагностика

Детална визуелизација на мозокот и ’рбетниот мозок. Се користи за дијагноза на мозочен удар, мултиплекс склероза, тумори, воспалителни и дегенеративни заболувања, дискус хернија и други состојби.

Брза и достапна метода, особено важна во итни состојби како мозочен удар, повреди на глава, нагла главоболка или сомнеж за крварење.

Третманот е индивидуализиран според дијагнозата и може да вклучува медикаментозна терапија, рехабилитација, упатување кон други специјалности и редовно невролошко следење. Кај сложени или хронични состојби се применува мултидисциплинарен пристап.

Технологија и опрема

Одделот располага со современа неврофизиолошка и дијагностичка опрема која овозможува прецизна, безбедна и навремена дијагностика:

  • Дигитален EEG систем
    напредна технологија за снимање и анализа на мозочната активност, со можност за рутински и EEG со депривација на сон.
  • Современи EMNG апарати
    овозможуваат детална проценка на периферните нерви и мускулите, со прецизно утврдување на локацијата и степенот на оштетување.
  • Апаратура за евоцирани потенцијали
    системи за BAEP, VEP и MSEP испитувања, кои овозможуваат рана детекција на нарушувања на визуелните, аудитивните и сензорните патишта.
  • Интегрирана соработка со MR и CT дијагностика
    овозможува комплетна радиолошка проценка и координиран пристап во дијагностиката.

Оваа комбинација на технологии овозможува брза, сигурна и сеопфатна дијагностичка обработка на пациентите на едно место.

Патот на пациентот

  • Консултација
    Aнамнеза и невролошки преглед.
  • Дијагностика
    EEG / EP / EMNG / MR / CT според симптомите.
  • План за третман
    Индивидуален тераписки пристап и препораки.
  • Следење и контроли
    Редовни проценки и прилагодување на терапијата.
  • Долгорочна грижа, превенција и поддршка
    Совети за начин на живот, рехабилитација и превенција на компликации.
Мими може да ви помогне во закажувањето на Вашиот термин