ПСИХОЛОГИЈА И ПСИХОТЕРАПИЈА

Психолошка проценка, третман и следење на психичката состојба кај амбулантски и хоспитализирани пациенти.

Преглед на одделот

Одделот за психологија и психотерапија во Клиника Жан Митрев обезбедува психолошка проценка, третман и следење на психичката состојба кај амбулантски и хоспитализирани пациенти.

Тимот од искусни и меѓународно сертифицирани психолози и психотерапевти овозможува индивидуализиран пристап, со фокус на разбирање на личните предизвици, емоционалната состојба и психичкото здравје на секој пациент.

Работата на одделот се базира на доверливост, професионалност и мултидисциплинарна соработка со други медицински специјалности.

Болести / Состојби

Во одделот се работи со:

  • Анксиозни и депресивни состојби
  • Панични состојби
  • Опсесивно-компулсивни однесувања
  • Посттрауматски стрес и психолошки трауми
  • Релациски и семејни проблеми
  • Родителски предизвици
  • Адолесцентни кризи и идентитетски прашања
  • Професионална ориентација и животни одлуки
  • Потреба за личен раст и развој
  • Болести на зависност
  • Работа со деца од предшколска и школска возраст

Дијагностика и третмани

Во одделот се применуваат современи психолошки и психотерапевтски методи:

Задавање, анализа и интерпретација на психолошки тестови (тестови на личност, неврокогнитивни тестови, проективни техники).

Работа насочена кон разбирање и надминување на психолошките предизвици.

Поддршка при секојдневни и животни ситуации

Подобрување на комуникацијата и релациските односи.

Поддршка во развојот и семејната динамика.

Третманот е индивидуализиран и се прилагодува според потребите на пациентот, со можност за интеграција со медицински третман кога е потребно.

Опрема и алатки за работа

Во процесот на проценка и третман се користат:

Стандардизирани психолошки инструменти
Неврокогнитивни тестови
Техники за релаксација (автоген тренинг)

Ова овозможува објективна проценка и следење на психичката состојба на пациентите.

Патот на пациентот

  • Консултација
    Иницијално интервју и проценка на состојбата.
  • Дијагностичка проценка
    По потреба, спроведување психолошко тестирање.
  • План за третман
    Дефинирање на индивидуален пристап.
  • Терапевтски процес
    Континуирана психотерапија или советување.
  • Следење и поддршка
    Евалуација на напредокот и прилагодување на пристапот.
Мими може да ви помогне во закажувањето на Вашиот термин